Гоцевски Марјан од Струмица е делегиран да го суди претпоследното коло за оваа календарска година, во кое во Скопје се среќаваат домаќинот Вардар и тимот на Победа од Прилеп.
На Гоцевски на овој дуел ќе му помагаат Станковски Ѓорѓи и Ангеловски Кире. Четврти судија ќе биде Мавров Васко. Сите доаѓаат од Струмица.
Дуелот на овие две екипи се игра утре, со почеток од 13.00 часот на стадионот во Маџари.