Во неделата во С.Ц. Јане Сандански на програмата беа два натпревари во машкиот дел на “Јуниор“ лигата во две возрасни генерации.
Кај генерацијата родени 2004/05 година се сретнаа екипите на РК Ангели и Урдаревски, натпревар кој убедливо го доби тимот на Урдаревски, со резултат 5:22. Уште од стартот на мечот беше познато кој ќе биде победникот на овој дуел, кога екипата на Урдаревски поведе со 0:4, за првиот гол да го постигнат и Ангели, но до крајот на првиот дел следеше нова серија на Урдаревски, за на полувреме резултататот да биде 1:7.
Вториот дел започна со по еден гол на двете страни, за потоа Урдаревски да постигне четири голови во серија и да стигне до двоцифрена предност (2:12). До крајот на мечот, екипата на Ангели постигнаа само три голови, наспротив Урдаревски кој даде десет голови, за на крајот да стигне до убедлива победа, со резултат 5:22.
Вториот натпревар резулатски беше понеизвесен, во истиот се сретнаа екипите на Парт. Зографски и Шампион, кај генерацијата 2008/09. Триумфот им припадна на тимот на Шампион, кој славеше минимално со резултат 8:9. Првите два гола на натпреварот ги постигна Шампион за да поведе со 0:2, но со два гола во серија вратија и Парт.Зографски за да го израмнат резултатот. До крајот на првиот дел се играше гол за гол, а на полувреме, Шампион беше во предност од 3:4
Вториот дел започна со гол за екипата на Шампион, која поведе со 3:5, за тимот на Парт. Зографски да направи серија од 3:0 и за прв пат на мечот да стигне до водство од 6:5. До крајот проследивме игра гол за гол и неизвесност за конечниот победник. Сепак тимот на Шампион подобро се снајде и славеше минимално.