Што да се напише накратко за ракометниот „Моцарт“ , Игор Карачиќ!?
Игор Карачиќ потпишува на 19 февруари 2012 година, тогаш со РК Вардар ПРО. Веселин Вујовиќ кој во таа сезона беше на кормилото на „црвено-црните” решава да го донесе овој млад играч кој во тој момент е анонимен за Вардар и Македонската ракометна јавност. Доаѓа од екипата на РК Босна, а потоа е се бајка!Карачиќ седум-ипол години го носи дресот на Вардар и станува срцето и душата на нашиот тим.
Потсетување низ фотографии, како изгледаше Карачиќ во сезоните минати во Вардар: