Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > (ВИДЕО) Кадетите на Вардар и Олимпија одиграа со нерешен резултат, на турнирот во Златибор
(ВИДЕО) Кадетите на Вардар и Олимпија одиграа со нерешен резултат, на турнирот во Златибор

(ВИДЕО) Кадетите на Вардар и Олимпија одиграа со нерешен резултат, на турнирот во Златибор

Кадетите на ФК Вардар го одиграа и вториот натпревар на турнирот во Златибор. Избраниците на Горан Петрески одиграа нерешени 1:1 со екипата на Олимпија Љубљана.

Вардар: Китановски, Петејчук, Манасиевски, Крстевски, Радуловиќ-Величковиќ, Речица, Ристовски, Трајановски, Игнатов, Мирков, Омерагиќ.

Вардар успеа прв да го отвори резултатот со голот на Азер Омерагиќ во 14 минута, после одлична акција со Дамјан Трајановски, за водство на црвено-црните од 1:0. Сепак противникот во 46 минута од второто полувреме успеа да го израмни резултатот на 1:1. На голот претходеше нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, најпрво Петејчук, потоа и Величковиќ избија со глава, но топката стигна до Липеца, кој од околу 20.метри со силен удар успева да го совлада нашиот голман. Олимпија имаше поконкретни прилики за втор погодок, но одично бранеше и на овој дуел Китановски, додека во една ситуација во последен момент блокираше Манасиевски.

Најинтересните моменти од мечот можете да ги погледнете на следниов, ЛИНК. Утре ќе го чекаме расплетот од мечот, меѓу Динамо Загреб и Олимпија, по што ќе биде познато дали ќе се пласираме во 1/4 финалето.