Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Скубе доби пречек во неговиот роден град и признание за освоената Европска титула со Вардар
Скубе доби пречек во неговиот роден град и признание за освоената Европска титула со Вардар

Скубе доби пречек во неговиот роден град и признание за освоената Европска титула со Вардар

После освојување на Европската титула и пречекот за ракометарите на плоштадот „Македонија“, екипата вчера беше и на прием во владата на Р.Македонија.

Дел од ракометарите веќе се вратија во своите родни земји и добија заслужен одмор. Еден од играчите кој оваа сезона дојде во Вардар е словенецот, Стас Скубе, кој веднаш успеа со тимот да ја освои Лигата на Шампионите.

vardarfans-skube

Скубе пристигна во градот Требње, кое е неговото родно место, каде беше пречекан и награден за Европската титула. Средниот бек и самиот потврди дека и во новата сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.