Игор Карачиќ кој ја игра својата седма сезона во редовите на Вардар направи “јубилеј„ во СЕХА-лигата. Тој на мечот со Татран постигна шест голови и ја надмина бројката од 300 голови во ова натпреварување. Интересно пред три месеци на исто така дуел против Татран, средниот бек на Вардар го одигра 100 меч во СЕХА-лигата за црвено-црните. Пред 20 дена, Карачиќ ја надмина и бројката од 300 постигнати голови во Лигата на Шамионите.