Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Златото“ од Гази Баба Трофеј-2018 во рацете на пионерките на Вардар, поединечни награди за нашите Ѓорѓиевска и Коцева
“Златото“ од Гази Баба Трофеј-2018 во рацете на пионерките на  Вардар, поединечни награди за  нашите Ѓорѓиевска и Коцева

“Златото“ од Гази Баба Трофеј-2018 во рацете на пионерките на Вардар, поединечни награди за нашите Ѓорѓиевска и Коцева

Овој два дена се одигруваше IV-Меѓународен женски ракометен турнир “Гази Баба Трофеј-2018“, на истиот во пионерската конкуренција до пехарот дојде екипата на ЖРК Вардар. Пионерскиот состав предводен од Анжела Платон и Марија Папуџуева се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Вчера во полуфиналето се сретнавме со тимот од Ниш, екипата на ЖРК Наиса која ја добивме со доминација во текот на целиот натпревар. Со победата од десет гола во оваа средба си закажавме финале денес против градскиот ривал, екипата на ЖРК Металург. Во финалето влеговме мотивирани и со цел да стигнеме до “златото“. Црвено-црните девојки успаа да наметнат темпо и да победат со четири гола. Ние до пехарот дојдовме со резултат 21-17 во финалето. Честитки до целиот тим за одличната игра во овие два дена.

Црвено-црните дами покрај во екипна конкуренција доминираа и во поединечните награди, ние ги имавме најдобриот голман и најдобриот играч на турнирот. Во конкуренцијата за најдобар  “чувар на мрежата“ наградата и припадна на нашата Вероника Ѓорѓиевска. Најдобар играч на турнирот е нашата ракометарка, Бојана Коцева која доби признание за одличните игри овие два дена.