Репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал на ЕП во Полска, откако во борбата за третото место беа подобри од селекцијата на Норвешка. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 31:24.
Во првите десет минути се играше доста израмнето, кога Хрватите зпочнаа резултатски да се одлепуваат. При резултат од 6:6, следува серија на избраниците на Бабиќ од 5:0 за највисоко водство од 11:6. Оваа предност која ја стекнаа во овој период успеаа да ја одржат до крајот на првото полувреме, кога на одмор Хрватска замина со четири гола позитива 15:11.
Вториот дел започна со гол на Златко Хорват, за враќање на оние најголеми пет голови позитива. Во наредниот пад следи пад во играта на Хрватска, што и овозможува на Норвешка да го израмни резултатот на 17:17. Хорват и Дувњак ја прекинуваат серијата на Норвешка, за водство од 19:17. Неизвесност околу победникот траеше се до моментот кога резултатот беше 22:21. Од тие моменти Хрватите го прават решавачкиот чекор, успеваа да постигнат дури шест голови во серија (28:21) и да го решат освојувачот на третото место. Крајот на натпреварот само рутински го приведоа и сосема заслужено се радуваа на овој триумф.
Ракометниот клуб Вардар имаше два свои претставника во ова мало финале. Тоа беше Игор Карачиќ кој постигна 2 гола и Лука Циндриќ кој не се запиша во листата на стрелци. Во големото финале, кое е во моментов за златото се борат Шпанија и Германија. Штербик, Македа и Душебаев се црвено-црните ракометари, кои на крајот се надеваме дека ќе се закитат со златниот медал.