Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сребро за Штербик, Македа и Душебаев од ЕП
Сребро за Штербик, Македа и Душебаев од ЕП

Сребро за Штербик, Македа и Душебаев од ЕП

Германија е нов европски првак во ракомет. Во овие моменти заврши финалето помеѓу селекциите на Германија и Шпанија. ”Панцирите” лесно, неочекувано, но убедливо го добија ова финале. За Шпанија како што е добро познато, настапија и тројца играчи на нашиот првак РК Вардар. Тоа беа: Штербик, Македа и Душебаев.

Штербик беше на висина на задачата имаша повеќе од 13 интервенции, но нападот на фуријата не функционираше. Македа воопшто не се запиша во листата на стрелците, додека пак Душебаев постигна три погодоци.  Се на се, Вардарците од ова ЕП со себе однесоа 5 медали. Карачиќ и Циндриќ освоија бронзен медал, додека пак Штербик, Македа и Душебаев сребрен медал од ова ЕП во Полска.