Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Игор Карачиќ е најдобар среден бек во сеха-лигата, за месец септември
Игор Карачиќ е најдобар среден бек во сеха-лигата, за месец септември

Игор Карачиќ е најдобар среден бек во сеха-лигата, за месец септември

После 22 одиграни натпревари, почнувајќи од крајот на август и цел септември, тимот на Сеха Гаспром лигата реши да го избере идеалниот тим до овој период. Екипите на Вардар, Загреб и Веспрем се единствените кои не се поразени во ова натпреварување. Во идеалната седморка се најде еден наш играч, се работи за Игор Карачиќ кој прогласен за најдобар среден бек.

Иако постојат нови играчи во Вардар кои дојдоа пред почетокот на новата сезона, Карачиќ има постигнато 11 голови и се промовираше во лидер на тимот, кој ја прави играта на Вардар да биде препознатлива. Со враќањето на Лацковиќ и пристигнувањето на Македа, екипата доби нова димензија, се вели во извештајот на Сеха-лигата.

Идеалниот тим на сеха-лигата за месец септември го сочинуваат:

1. Иван Стевановиќ ( голман) ( Загреб)

2. Бојан Жупањац (лево крило) ( Спартак)

3. Томас Чип      ( десно крило)  ( Татран)

4. Растко Стојковиќ ( пикер)  ( Брест Мешков)

5. Момир Илиќ   ( лев бек)    ( Веспрем)

6. Игор Карачиќ ( среден бек)  ( Вардар)

7. Лука Степанчиќ  ( десен бек) ( Загреб)

Тренер: Веселин Вујовиќ ( Загреб)