Избраниците на Зоран Петковски продолжуваат да редат победи во новата сезона на детската лига. Вчера го одиграа второто коло во ова натпреварување и запишаа нови бодови. Оваа генерација настапува со две свои екипи, кои подеднакво се натпреваруваат во лигата.
Фк Вардар (1) генерација “2005“ за противник ја имаше екипата на Форца. Нашите млади надежи беа убедливи на овој дуел, со петарда во мрежата го испратија противникот. Конечниот резултат гласеше 5:2. Одлична игра за младите надежи кои покажаа една доминација на теренот со допадлива игра и голем број на шанси за гол. Стрелци за оваа генерација: автогол на противникот,Филип Јовановски (2), Симче Здравковскии и Дарко Сековски. Ова е втора победа за овој тим, откако во првото коло со службен резултат го добија мечот со Албарса од Чаир.
Вториот тим на Фк Вардар генерација “2005“ својот натпревар го доби со службен резултат 3:0, против екипата на Нови Лисици. Причина за ваквиот епилог, е не извршените лекарски прегледи за противничкиот тим. Во првото коло, вториот тим на црвено-црните остварија висока победа од 5:1, против Албарса.
Да напоменеме дека натпреварите од оваа лига се играат на терените на ФФМ.