Младинците на Фк Вардар ја забележаа петтата победа во првенството. На гостувањето во Струмица, беа подобри од екипата на Академија Пандев. Конечниот резултат гласеше 2:3. Стрелци на головите за црвено-црните беа: Димков, Беќири и Даци. Александар Ѓорѓиоски беше во стартните 11, како чувар на мрежата на Вардарци. Тој беше еден од најзаслужните за триумфот од ова тешко гостување.
-Пред се да им честитам на моите соиграчи за победата. Јас сум презадоволен од прикажаната игра и нивната борбеност. Се играше отворен фудбал на двете страни, проследен со многу шанси и на двата гола. На полувреме отидовме со 2:1, резултат кој беше во наша полза. Во второто полувреме ние ја превземавме играта и следуваа неколку извонредни шанси кои нашите момци не успеаа да ги реализираат. Сепак победивме 3:2 и избивме на првото место на табелата, изјави Александар Ѓорѓиоски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски