Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Мартин Карапалевски: Сите не гледаа како аутсајдери на натпреварот, но ние го докажавме спротивното дека можеме да се носиме со било кој противник
Мартин Карапалевски: Сите не гледаа како аутсајдери на натпреварот, но ние го докажавме спротивното дека можеме да се носиме со било кој противник

Мартин Карапалевски: Сите не гледаа како аутсајдери на натпреварот, но ние го докажавме спротивното дека можеме да се носиме со било кој противник

Изминатов викенд стартуваше новата сезона во машката ракометна супер лга. Младиот состав на Вардар Јуниор кој на клупата е предводен од Стојан Петрушевски уште на стартот покажа дека оваа сезона ќе бидат силен противник за сите екипи. Со победа на домашен терен против Радовиш најавивме добар старт на сезоната. Младите Вардарци триумфираа со резултат (41:38), дуел кој во најголем дел беше израмнет, а пресудни беа последните десет минути од натпреварот. Мартин Карапалевски беше еден од поефикасните играчи во нашиот состав, тој мечот го заврши со 6 постигнати голови. Во изјава за нашиот сајт, Карапалевски ги сподели впечатоците од победата против Радовиш.

-Како прв натпревар од оваа сезона задоволен сум од победата. Секој од моите соиграчи го даде максимумот на натпреварот. Се играше до крај со жар и со  голема желба за победа. Сите не гледаа како аутсајдери на натпреварот, но ние го докажавме спротивното дека сакаме и можеме да се носиме со било кој противник. Можам да кажам дека сум задоволен од мојата игра, но секогаш може подобро и секој натпревар е нова шанса за докажување.

Повредите го одалечија од теренот, но Карапалевски се врати цврст на теренот со голема желба за докажување.

-После подолга пауза поради мојата повреда среќен сум и задоволен што се вратив на терен со голема желба за нови докажувања и успеси. Во спортот секогаш има успони и падови кој те прават да веруваш повеќе во себе и да не се откажуваш од својата цел во животот., од тоа што најмногу те исполнува и те прави среќен

Борбеноста треба да биде главна одлика на овој млад состав, се надеваме на победи оваа сезона и опстанок во супер лигата.

-Се надевам дека во иднина ќе има уште многу вакви натпревари на кој ќе докажеже дека знаеме и можеме да се носиме со било кој противник.

Звонко Ивановски