Кадетската ракометна репрезентација се наоѓа на турнир во Унгарија, каде одигра контролен натпревар со селекцијата на Јужна Кореја. Овој дуел го загубивме со резултат 27:32.
Во најголем дел од дуелот, противникот имаше предност, која на полувреме беше изразена со седум голови разлика (16:9). Најефикасен на овој меч беше играчот на Вардар, Мартин Карапалевски кој постигна шест голови. Од играчите на Вардар, во листата на стрелци се запишаа и Игор Ѓорѓиев со два гола, како и десниот бек, Васе Наков кој имаше еден гол, но предвреме мораше да го напушти овој натпревар поради повреда.
Во претстојниве денови, избраниците на Брестовац и Грчевски ќе играат против селекцијата на Унгарија. Селекцијата на Македонија се подготвува за ЕХФ шампионатот, кој е предвиден да се одигра во месец август, во Грузија ( Тбилиси).