Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Перо Ангелески-Манце, економот на ФК Вардар, без кој не поминува ниту еден тренинг и натпревар на младинските категории
Перо Ангелески-Манце, економот на ФК Вардар, без кој не поминува ниту еден тренинг и натпревар на младинските категории

Перо Ангелески-Манце, економот на ФК Вардар, без кој не поминува ниту еден тренинг и натпревар на младинските категории

Ниту еден тренинг, ниту еден натпревар на младинските екипи во фудбалскиот клуб Вардар, не може да се замисли без економот во Вардар. Се работи за Перо Ангелески-Манце, кој веќе шест години е задолжен за спортската опрема во клубот. Најпрво започнува во фудбалскиот клуб Работнички, каде се задржува три години, по што истата дејност ја продолжува во Вардар, во периодот од 2006-2009 година. На истото место се враќа и во 2015 година, каде до денес успешно ја извршува работата на економ во младинските категории на Вардар.

Еден работен ден започнува, најпрво со подготовка и средување на економатот, во кој се сместени сите топки, маркери, дресови и реквизити од сите генерации на Вардар, а потоа и утринскиот тренинг со кадетите и младинците, на кој Манце е присутен. Попладневниот тренинг е со помладите категории на Вардар и подготовка на опремата за сите шест генерации на клубот. Опремата се носи на перење, еднаш неделно, односно после секој викенд натпревар на младинските екипи. Потоа истата се средува во економатот, оделно за секоја генерација.

Ангелески-Манце е секогаш на располагање и на првиот тим на ФК Вардар, кога и да е потребно, а пред се кога екипата настапува во Европските натпреварувања. Исто така е дел од експедицијата на меѓународните турнири на кои настапуваат младинските екипи на Вардар. Се работи за добар, вреден и скромен човек, кој со голема љубов си ја работи својата работа.