Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ана Иванова: Бевме млада и неискусна екипа, но моите соиграчи го даваа својот максимум на секој натпревар во супер-лигата
Ана Иванова: Бевме млада и неискусна екипа, но моите соиграчи го даваа својот максимум на секој натпревар во супер-лигата

Ана Иванова: Бевме млада и неискусна екипа, но моите соиграчи го даваа својот максимум на секој натпревар во супер-лигата

Младиот состав на Вардар Јуниор ја имаше дебитантската сезона во најсилната супер лига. Екипата ја сочинуваа млади ракометарки, кои беа желни за напредок и докажување. Сезоната ја завршивме на петтото место, забележувајќи 15 победи, 3 нерешени резултати и 10 порази. Ана Иванова ја одигра својата трета сезона во екипата на Вардар, а прва во супер лигата. За нашиот сајт младата ракометарка ги искажа своите печатоци за тригодишниот претстој во клубот, за поминатата сезона и остварените резултати во супер лигата.

-Дојдов пред 3 години во Вардар и тоа беше мое прво искуство после мојот матичен клуб Овче Поле. Две години игравме младинска лига и третата настапувавме во супер- лигата што беше голем напредок и искуство за мене и сите мои соиграчки. Посебен момент, лично за мене, беше кога ми кажаа дека останувам во Вардар Јуниор и дека ќе имам можност да соработувам со новите тренери, Симе Симовски и Александар Царчев. Исто така треба да се издвојат и некои мечеви, како тој со Куманово од купот, неколку утакмици со Металург и последната со Пелисте, каде што одигравме на високо и задоволително ниво.

vardarfans-tekst

Вардар Јуниор беше нов склопен тим со ракометарки, кои претодно настапуваа во младинските лиги. Сепак покажаа солиден ракомет.

-Бевме млада и неискусна екипа, затоа и не бевме константо добри, имавме доста подеми и падови. Сепак покажавме колку можевме, бидејќи трениравме напорно цело време. Ние бевме нова екипа каде што со некои играчи прв пат се сретнувавме, па требаше време сите да се вклопиме за да функционираме како тим.

Ова беше големо искуство за младиот состав на Вардар Јуниор, кој на никој натпревар, освоен на оние против “сестринскиот“ тим, не беше надигран и се бореше до последната минута на секој меч.

-Ова беше прва сезона да играме Супер лига, да играме со поголеми и поискусни од нас. Знаевме дека ќе биде тешко, сепак знаевме со какви екипи треба да се носиме. Знам дека секоја девојка го даваше својот максимум, но мислам дека ваквиот резултат се должи на нашето неискуство, бидејќи освен утакмиците од младинската лига не сме имале никакви други утакмици, турнири надвор од Македонија или некои пријателски утакмици со поискусни екипи. Сепак мислам дека не е реален конечниот пласман, бидејќи можевме многу повеќе, но сепак резултатот се должи на нашите лошо изиграни утакмици.

vardarfans-ivanova

Младите ракометарки имаа можност да учат и соработуваат со Симовски и Царчев, чие искуство им го пренесуваа и им помагаа побрзо да ги искоренуваат грешките за време на ракометната игра.

-Симе Симовски и Александар Царчев, прекрасни луѓе, одлични тренери, ми помогнаа да се надоградам. Не можеа да ги поправат сите мои грешки и недостатоци, бидејќи сепак ние бевме  на возраст од 18 години, период каде што се формираме како играчи и каде што тешко е да се искоренат некои наши навики, но сепак успеаа да ме корегираат каде што требаше.

Звонко Ивановски