Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Карапалевски се врати на теренот со 12 постигнати голови
Мартин Карапалевски се врати на теренот со 12 постигнати голови

Мартин Карапалевски се врати на теренот со 12 постигнати голови

Членот на кадетите на ракометниот клуб Вардар, Мартин Карапалевски по пауза од повеќе од два месеци се врати на терените. Мечот против Металург, беше прв за него во новата година, откако паузираше поради повреда. Ова момче кое е прва сезона во Вардар и е убедливо најдобар стрелец за црвено-црните имаше успешно враќање на терените. На дерби натпреварот со екипата на Металург, Карапалевски беше најефикасен со 12 погодоци, кои за жал не беа доволни за триумф против тимот од Автокоманда. Единствените расположени играчи заедно со Ален Ќосевски во редовите на Вардар. Уште во првата своја сезона, откако дојде од екипата на Преспа, Карапалевски се покажа како големо засилување во кое несомнено има огромен играчки квалитет. Имаше натпревари во есенкиот дел, каде постигнуваше повеќе од половина голови на целата екипа.

Како наградата за успешната полусезона, дојде признанието за најдобар стрелец на “Трофеј Белград“. Мартин ги освои симатиите на споменатиот турнир и беше еден од најдобрите играчи во својата возрасна генерација. Тој треба да биде еден од предводниците на Вардар за пласман на завршниот турнир на најдобите четири екипи во конкуренција на кадети.