Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор, во напад на СЕХА лигата!
Нема одмор, во напад на СЕХА лигата!

Нема одмор, во напад на СЕХА лигата!

Нема одмор за црвено – црните момци на РК Вардар. По големиот триумф против Висла Плок во ЛШ, сега за Вардарци престои уште една голема битка за титулата во СЕХА лигата. Најпрвин, денеска РК Вардар против Брест Мешков ќе го одигра последното коло од СЕХА лигата кое не значи ништо и ќе биде воигрување пред клучните натпревари.

Во петок со почеток во 20 часот и 30 минути РК Вардар во 1/2 финалето од СЕХА лигата ќе се сретне со тимот на Загреб, кој исто така обезбеди учество во 1/4 финалето од ЛШ со големата победата над Рајн – Некар. Ова ќе биде вистинска пресметка на Раул и Вујо, на нашите играчи и младите талентирани момчиња од Загреб. Завршниот турнир се игра во Вараждин. Другата 1/2 финална двојка е Веспрем – Мешков Брест. Се надеваме на нова титула во СЕХА.