Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Шкендија “киксна“ , пом. пионери и младинци на ФК Вардар се на врвот на табелата
Шкендија “киксна“ , пом. пионери и младинци на ФК Вардар се на врвот на табелата

Шкендија “киксна“ , пом. пионери и младинци на ФК Вардар се на врвот на табелата

Вардаровите генерации кои се натпреваруваат во првенството на младинските категории имаа многу успешен викенд зад себе. Сите забележаа победи во дуелите со екипата на Пелистер. Она што е поважно е дека по одигрување на 14 коло, помладите пионери и младинците се враќаат на врвот на табелата.

-Помладите пионери се вратија на местото кое беше резервирано во есенскиот дел и на почетокот од пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Сашо Јанев по двата нерешени резултати, успеаа да ја забележат првата пролетна победа и тоа на гостувањето во Битола, против екипата на Пелистер. Пред ова коло Шкендија и Вардар имаа ист број на бодови, но тимот од Тетово го заземаше лидерското место поради подобрата гол разлика. Сепак дојде до промена на местата на табелата. Во дерби мечот на колото, кое се одигра во Тетово, Шкендија беше непријатно изненадена од екипата на Работнички која славеше со резултат 0:1. Инаку Работнички е треттата екипа во оваа категорија која води битка за титулата. Тие сега се наоѓаат на второто место зад црвено-црниот состав кој има два бода повеќе од нив и три од Шкендија. Натпревари во 15 коло на екипите кои се борат за првото место:

Вардар- Еуромилк

Пелистер- Шкендија

Работнички- Акад. Пандев

Пионерите исто така со три бода се вратија од гостувањето во Битола, кои се многу важни во борбата за титулата. Во оваа категорија ито така има промени на табелата, што се однесува до најголемите конкуренти за трофејот во лигата. Вардар сега се наоѓа на второто место на табелата, пред екипата на Шкупи која викендов доживеа пораз на гостувањето во Куманово, против тимот на Милано. Екипата од Чаир пред ова коло беше лидер, но поразот ги симна на треттото место, откако Вардар и Шкендија забележаа сигурни победи во дуелите со своите противници. Во следното коло двојките се следниве:

Вардар- Еуромилк

Пелистер- Шкендија

Шкупи- Победа

Вардаровите кадети со пресврт го победија Пелистер (2:1), откако имаа негатива од еден погодок. Избраниците на Влатко Колев ги задржаа шансите за највисокото место во својата конкуренција. Нема измени на табелата по одигрување на ова коло. Металург на гостински терен убедливо ја порази Македонија Ѓ.П, додека Шкендија го доби минимално дербито со Работнички на гостински терен. Екипата од Железарница се наоѓа на првото место со 33 бода, втора е Шкендија со 32, додека треттото место е за Вардар со 29 освоени бодови. Во 15 коло се среќаваат:

Еуромилк- Вардар

Металург- Ренова

Шкендија- Пелистер

Младинците на Вардар може да се каже дека највеќе профитираа по одигрувањето на 14 коло. Тие убедливо го добија дербито со Работнички (4:0) и ја оправдаа фаворитската улога. Уште едно дерби се играше во малдинската лига, помеѓу екипите на Работнички и Шкендија кое заврши со почетниот резултат 0:0. Овие две екипи се конкуренти на Вардар на титулата, посебно тимот од Шкендија која беше лидер на табелата. Работнички со овој резултат се повеќе ги губи шансите за врвот, додека Акад. Пандев доживеа непријатен пораз од екипата на Ренова. Струмичани кои во есенскиот дел имаа ист број на бодови со црвено-црните, поради настапите на турнир во Италија ги пропуштија првите две пролетни кола. Во моментов Шкендија и Вардар имаат ист број на бодови по 32, додека трет е Работники со 25. Академија Пандев останува на четвртата позиција со 23 бода, но и два меча помалку. Во следното коло двојките се следниве:

Еуромилк- Вардар

Акад. Пандев- Работнички

Шкендија- Пелистер