Викендов на програмата за натпреварите во “Јуниор Лигата“ беа и мечевите на најмладите учесници во овој голем-црвено црн проект. Тие се натпреваруваа на половина терен, се играше четири ракометарчиња во поле плус голман. Едно полувреме траеше по пет минут. Одлична забава, спортување, дружење се овие мечевите во “Јуниор лигата“ за најмладите ракометарчиња. Судија и воедно водич низ запознавањето со ракометната игра беше Тања Медвед.