Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор и Металург во сабота ќе го одиграат дербито во Супер лигата
Жрк Вардар јуниор и Металург во сабота ќе го одиграат дербито во Супер лигата

Жрк Вардар јуниор и Металург во сабота ќе го одиграат дербито во Супер лигата

Во сабота не чека исклучитечно важниот меч од 1/4-финалето од ЕХФ Лигата на шампионите на првиот тим на  Вардар и Ларвик. Интересно е што истиот ќе има интересна   увертира бидејќи истотака во спортскиот центар “Јане Сандански“ (мала сала ) е закажано дербито во женската ракометна лига. Тој меч ќе се одигра во  сабота со почеток во  14:00 часот и во истот ќе се сретнат екипите на Жрк  Вардар јуниор и  гостите од Автокоманда екипата на ЖРК Металург.

Овој термин е договорен во  согласност со двете екипи. Мечот  ќе   реши  која екипа ќе го заземе  првото место во женската Супер лига. Овој дерби дуел  ќе биде вистинско загревање за она што следува  во Л.Ш на дуелот помеѓу Вардар и Ларвик. Дерби мечот   е закажан со почеток во 17часот и 30минути. На првиот дуел избраничките на Симе Симовски во Салата „Автокоманда“ однесоа минимална, но значајна победа со резулат 21-22.