Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карапалевски: Скубе е „моторот“ на Мешков, треба добро да се внимава на него
Карапалевски: Скубе е „моторот“ на Мешков, треба добро да се внимава на него

Карапалевски: Скубе е „моторот“ на Мешков, треба добро да се внимава на него

Утре вечер со почеток од 18:45 часот, екипата на Вардар ќе го одигра и последниот дуел во групната фаза на ЛШ. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Брест Мешков.

Каков дуел не очекува можете да прочитате од изјавата на младиот Мартин Карапалевски.

„Мораме добро да одиграме. Треба добро да се внимава на Скубе, тој е нивниот мотор. Се оди преку него. Ако него го сопреме ќе биде полесно. Тој не знае нас, ние го знаеме него. Секој меч сезонава во Лигата на шампионите е различен, но подеднакво тежок. Ние играме добро, барем на последните натпревари во ЛШ, иако немавме многу среќата на некои од последните, или пак во последните моменти грешевме. Секако проблем е што во последно време не сме комплетни, па тоа малку ги пореметува нашите планови. Но, како оди сезоната се повеќе се воигруваме.

Во зависно од исходот на овој натпревар и оној на Порто со Елверум, ќе биде познат противникот на Вардар во 1/8 финалето на ЛШ.