Беа доволни само два натпревари на турнирот во Крива Паланка. Ако се суди според игрите на вториот турнир од WABA лига за кошаркарки „Под 17“ години, може да се каже дека Македонија има со што да се пофали во овој сегмент од кошаркарскиот спорт.
На трите одиграни мечеви во Крива Паланка профилираа нови, млади кошаркарки, на кои, во најмала рака, треба да се смета и во следните акции, оние репрезентативните.
Погледот во статистиката во оваа возрасна категорија од женската „Лига на Јадранот“ вели дека челните позиции се резервирани за неколку наши млади кошаркарки.
Михаела Алексовска од Крива Паланка реализира 74 поени на двете средби со Вардар, односно Бадел 1862, односно во просек по 37 поени, и е лидер на стрелците.
Листа на која на третото место е Нина Зафирова од Вардар, со просечни 20 поени, на четири одиграни мечеви, пред Мартина Марковска, која има 19.5.
„Вардарката“ Нина Зафирова е најдобар асистент, во просек има по шест успешни додавања во ова натпреварување, додека пак Лиле Миткова од Крива Паланка а трета, со просек од 4.5 асистенции по меч.
Уште една кошаркарка на Крива Паланка, е на лидерската позиција, онаа скокачката. Ксенија Петревска е прва во овој сегмент, има просечни 18 скока по натпревар, додека Михаела Алексовска е трета, има просечни 11 скока.
И тоа не е се од нашите девојки кои се дел од ова натпреварување кое го организира WABA лигата.