Покрај за натпреварот од ЛШ против Веспрем, од средата во продажба се пуштени и билетите за натпреварите од СЕХА лигата, со ППД Загреб и со Мешков и за последниот меч од ЛШ против Монпелје
Со цел навивачите навреме да си обезбедат билет за следните натпревари на Вардар на домашен терен, во Лигата на шампионите и во СЕХА газпром лигата од во продажба се пуштени билетите за сите четири натпревари, против Веспрем и Монпелје во ЛШ и против ППД Загреб и Мешков во СЕХА Газпром лигата. За дуелот со унгарски Веспрем продажбата оди добро, нешто над 1000 билети преостануваат.
Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем и за Монпелје се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk.