Хрватскиот репрезентативец во нашите редови, Игор Карачиќ по одличниот настап во дуелот од 6.коло во ЛШ против Мешков Брест и 11-те постигнати голови сосема заслужено се најде во изборот за најдобриот тим на колото. Вардаровиот бек е трет ракометар на црвено-црните кој оваа сезона што успева да влезе во “иделните 7“, претходно место во овиј избор имаше и за Дејан Милосављев и Тимур Дибиров. Видеото со најдобрите момети можете да го погледнете тука.
ИДЕЛНИОТ ТИМ НА 6.КОЛОТО ИЗГЛЕДА ВАКА:
голман – Бенјамин Буриќ (Флензбург)
лево крило – Александар Вестби (Елверум)
лев бек – Игор Карачиќ (Вардар)
среден бек – Аиденас Маласинскас (Мотор)
десен бек – Мелвин Ричардсон (Монпеље)
десно крило – Михал Дашек (Висла)
пиВОТ – Јаник Колбахер (Рајн Некар Ловен)