Вардар се врати на победничките патеки во Лигата на Шампионите, откако на домашен терен ја совлада екипата на Брест Мешков, со резултат 30:23. Победникот беше решен во првото полувреме, кога Вардар се одлепи и на осум голови предност.
Иван Чупиќ беше втор стрелец во редовите на Вардар, постигнувајќи шест голови. Еден од нив беше од невозможна позиција, а ни Пешиќ не беше свесен како заврши топката зад неговиот грб. Погледнете го погодокот на Чупиќ од тешка позиција.