Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров за Вардарфанс: Ќе бидам 100% подготвен за мечот со Киелце
Дибиров за Вардарфанс: Ќе бидам 100% подготвен за мечот со Киелце

Дибиров за Вардарфанс: Ќе бидам 100% подготвен за мечот со Киелце

Повредата на Тимур Дибиров кој ја заработи непосредно пред патувањето за Веспрем е веќе минато. Руското крило имаше мала повреда на листот на десната нога кој го оневозможи да и помогне на својата екипа на завршниот турнир на Сеха-лигата. Полека се враќа во тренажен процес, со мислите насочени кон 1/4 дуел со Киелце.

-Се е добро. Од понеделникот почнав да посетувам теретана, а од четврток се приклучувам на тренинзите на својот тим. Изминатиов период правев терапија и опоравувањето оди во нагорна линија. Ќе бидам 100% спремен за мечот со Киелце, изјави Дибиров за нашиот сајт.

Првиот натпревар со Киелце ќе се игра на 11 април во С.Ц. Јане Сандански.

Звонко Ивановски