По пауза од една недела, повторно се враќаат возбудувањата во ПМФЛ, нашите момци во сабота ќе и гостуваат на штипска Брегалница.
Денешниот тренинг се оддржа на новиот комплекс во населбата Аеродром, во близина на ракометната сала.
Преку фотографиите можеме да забележиме дека се работи за одлично сработен комплекс, со одлични услови за тренинг, за жал Вардар вакви услови немал повеќе години наназад.
На денешниот тренинг можеме да забележиме на сликите на фквардар.мк дека со топка почнал да работи и нашиот играч и репрезентативец Даре Глишиќ.
Го очекуваме кам-бекот на Даре!