Унгарскиот вицепрвак Веспрем со најмалку 150 навивачи доаѓа во Скопје во сабота да ја збогати и така одличната атмосфера која ќе ја прават „Комити“. Веспрем кога и да игра против Вардар во Скопје доаѓа со своја навивачка група и предизвикува уште поголема заинтересираност кај вардаровите навивачи кои и те како ќе ги има на саботниот дуел.
„Комити“ сеуште не излегле со официјално соопштение, но познато е дека билетот за навивачката трибина ќе чини 100 денари. Од друга страна, до овој момент, останати се уште 100-тина билети за останатите трибини.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан со почеток во 17:30 часот.