Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан и Мораес ќе бидат подготвени за настап против Веспрем!?
Борозан и Мораес ќе бидат подготвени за настап против Веспрем!?

Борозан и Мораес ќе бидат подготвени за настап против Веспрем!?

Добри вести ни доаѓаат од таборот на Вардар. Тренерот на “црвено – црните” Роберто Гарсија Парондо за дуелот в сабота против Веспрем можно е да има на располагање уште двајца многу важни ракометари кои веќе подолг период не беа во составот на нашиот тим поради повреди.

Како што велат во овој момент информациите, Вуко Борозан и кружниот напаѓач Рожерио Мораес тренираат веќе неколку денови со тимот и можно е и двајцата да бидат подготвени за настап на овој многу важен натпревар за нашиот тим. Посебно ова важи за Мораес, кој и самиот изјави дека би требало да е спремен за настап.

Со победа, Вардар ќе биде многу блиску до освојување на второто место во групата А и многу полесен противник во 1/4 финалната рунда.