Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе најголема „бомба” на Вардар, Жуниор за супер одбрана
Фелипе најголема „бомба” на Вардар, Жуниор за супер одбрана

Фелипе најголема „бомба” на Вардар, Жуниор за супер одбрана

И официјално заврши зимскиот преоден рок во нашата земја. Тимот на Вардар во овој преоден рок успеа да потпише четири нови играчи, а редовите на црвено – црните ги напуштија вкупно десет фудбалери.

Најголемата трансфер „бомба” на Вардар во овој преоден рок е секако враќањето на Хуан Фелипе во Скопје. Фелипе по кратка пауза се врати во Вардар од тимот на Каират, Казакхстан и се очекува да биде главното засилување во походот кон титулата. Фелипе иако денеска го одбработува третиот тренинг со својот тим, речиси сигурно е дека ќе стартува на неделниот дуел од првата минута.

Леовигилдо Жуниор е вториот по големина трансфер во редовите на Вардар ова зимо. Вардар заврши одлична работа со потпишувањето на овој лев бек кој сигурни сме дека ќе биде големо засилување во пролетниот дел од шампионатот на Македонија.

Даниел Аврамовски е третиот нов играч кој треба солидно да ја засили навалната линија на нашиот тим. Младиот играч дојде во Вардар од редовите на Олимпија, Словенија и се очекува да биде од голема помош пред се со неговите голови и асистенции.

Во Вардар се врати и младиот напаѓач Бојан Колевски. Колевски можеби ќе биде и главниот напаѓач на нашиот тим во пролетниот дел од сезоната, бидејќи во тимот мора да има еден младинец од првата минута на секој натпревар.

Најголема загуба на Вардар ова зимо: Тигран Барсегјан (Каисар).

Трансфери кои не се реализираа во Вардар се: Кире Маркоски, Никола Ѓорѓев, Хјунг-јоон Ли, Игор Недељковиќ.