Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед на пионерската лига, по поразот на Вардар шансите за Ф4 се минимални
Преглед на пионерската лига, по поразот на Вардар шансите за Ф4  се минимални

Преглед на пионерската лига, по поразот на Вардар шансите за Ф4 се минимални

Викендов започнаа натпреварите во пионерската лига, во групата-1 каде што се натпреваруваат црвено-црните пионери се одигра дерби. Избраниците на Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисинов во “Јане Сандански“ ја пречекаа екипата на РК Металург. Во меч со голема борба против тим кој е возрасно поголем од нашиот колектив забележавме пораз со еден гол, 16-17 (8-7).

Со овој пораз младиот вардаров колектив своите шанси за завршниот Ф-4 ги доведе на теорија. Противникот има подобар меѓусебен скор и шест бода предност на шест кола до крајот на оваа фаза. Сепак младиот вардаров колектив покажа квалитет и дека во идните сезони ќе се бори за врвот.  Во продолжение резултатите од ова 8.коло и табелата по истото.

  •  РК Драчево – РК Јуниор К.В. 22:13
  • РК Илинден Вардар- РК Ангели В. Волково 18:24
  •  РК ВАРДАР – РК Металург 16:17
  • РК Аеродром (слободен)

ТАБЕЛА:

pio2