Кил ќе биде сериозно ослабен за утрешниот натпревар против Вардар во Скопје. Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд и дефинитивно не патуваат за Скопје.
И двајцата беа позитивни на коронавирус и ги пропуштија последните средби на Кил, а сега стана јасно дека и за утрешниот натпревар нема да бидат подготвени.
Ова е голем хендикеп за противникот, но и шанса за Вардар да го нападне германскиот великан и да слави победа, по онаа во 2018 година.
Дуелот утре, започнува со почеток од 20-45 часот. Билети сеуште има во слободна продажба.