Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ,,Ако Кале со 500 гледачи бил тежок терен, ајде утре со 3000 да видиме што можеме”
,,Ако Кале со 500 гледачи бил тежок терен, ајде утре со 3000 да видиме што можеме”

,,Ако Кале со 500 гледачи бил тежок терен, ајде утре со 3000 да видиме што можеме”

Утре Вардар повторно игра пред своите навивачи. Пред утрешниот дуел, ,,Комитите” излегоа со официјално соопштение:
.
Враќање во минатото, враќање за минатото и враќање на победничките патеки…
Подемот на РК Вардар започна во 90-тите години на минатиот век, и се во тој период е поврзано со Расадник и особено со СРЦ Кале.
.
Да се вратиме малку на еден од моментите кои беа пресвртна точка во Ракометниот Вардар.
Пред 20-тина години во Кале гостуваше големиот и непобедлив Кил, натпревар на кој беа апсолутни фаворити, и никој дури ни помеѓу навивачите на Вардар не очекуваше резултат поголем од пристоен пораз…Никој освен Комити.
.
Во сала едвај 500-600 гледачи, помалку од третина од нив Комити, а во сала атмосфера ко да има 3000. Се случи некаков пресврт, и наеднаш по храбрата игра на теренот, сите почнавме да веруваме дека можеме. Го понесовме Вардар и издржавме до крај, за да видиме на семафорот 27:26 за Вардар ! Радост у сала, спортско изненадување во земјата, падна еден од великаните ! Тим за кои играа играчи како Ловгрен, Штефан Олсон, Јакобсен…кој ги памети кои играчишта беа на светската ракометна сцена.
.
По натпреварот играчите на Кил едногласни, биле импресионирани од атмосферата у сала! Истото го изјавија и на официјалниот прес, а истото мислење го пренесоа Германските медиуми кои го следеа мечот…
Импресионирани од атмосферата во Кале со 500 гледачи, од кои стотина Комити?!?
Таа победа тогаш беше карактеризирана како сензација !
Но таа победа не е доволна, затоа што Кил ни должи многу, за други резултати во време кога ни тие 100-тина души не беа во можност да го бранат домашниот терен на Вардар, тоа што скоро се прошета со 10-тина разлика во сред Скопје, но и предходно во Борис Трајковски…
Време е за ВРАЌАЊЕ !
.
Расчистување на сметките со црно-белите “Зебри” !
Дојди во сала, нека биде Сафари, и нека биде нова пресвртна точка !
Дојдете вие фудбалски ултраси, за да ја пренесеме енергијата од стадионите во сала ! Да не заборавиме дека многу пати низ историјата беше обратно !
Ако Кале со 500 гледачи бил тежок терен, ајде утре со 3000 да видиме што можеме !