Вчера, ракометарите на германски Кил го наследија македонски Вардар на врвот на европскиот трон во елитната ЕХФ Лига на шампионите.
Бундеслигашот по пауза од осум години стигнаа до четвртиот трофеј во елитното натпреварување и тоа со двата заслужени триумфи над фаворизираните ПСЖ во полуфиналето, а потоа и над Барселона во финалето кое Германците го добија со 33-28.
Четирите тима учесници на завршниот турнир поделија и парична награда во висина од 1 милион евра и тоа победникот Кил инкасира половина милион, а поразената во финалето Барселона 250.000 евра. ПСЖ како третопласиран заработи 150.000, а четврто рангираната екипа на Веспрем 100.000 евра. Следува едномесечна пауза во ракометната Лига на шампиони, а возбудувањата ќе продолжат на почетокот на февруари следната година.