Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски доведе уште еден екс играч на Вардар во Струмица
Васоски доведе уште еден екс играч на Вардар во Струмица

Васоски доведе уште еден екс играч на Вардар во Струмица

Довчерашниот стратег на Вардар, Александар Васоски продолжува да го ,,крои” неговиот нов тим заедно со Раденко Бојовиќ.

Ново име во редовите на Академија Пандев е Коста Манев, екс играчот од одбраната на Вардар. Манев имаше одлични партии во дресот на Вардар, потоа замина во Вележ каде што исто така одигра добро, но последните шест месеци беше без клуб.

Ова за Манев и Васоски ќе биде повторна соработка, откако двајцата имаа одлични фудбалски односи во редовите на ,,црвено – црните”.

Манев за Вардар одигра 27 натпревари.