Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Лазаров: Вардар е симбол на Македонија, горд сум како македонец што го направија невозможното
Лазаров: Вардар е симбол на Македонија, горд сум како македонец што го направија невозможното

Лазаров: Вардар е симбол на Македонија, горд сум како македонец што го направија невозможното

Капитенот на црвено-жолтите, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров во изјава за хрватските медиуми кажа дека е многу горд на успехот на Вардар. Потенцираше дека е  неверојатно ова што го направи Вардар на завршницата во Келн.

Во животот имам многу трофеи, но ретко кога сум бил толку среќен. Македонец сум и горд сум на тоа што ваква спортска бајка раскажа една македонска екипа. Вардар е во Македонија тоа што се Хајдук и Динамо во Хрватска. Симбол. Ова е бајка, настан за кој ќе се зборува уште многу години. Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само на спортистите, туку на сите аутсајдери, ги натера да сфатат дека во животот најважно е да веруваат, крваво да работат и да ги потрошат и последните капки крв и пот за да ги исполнат своите соништа. Тие момци седум-осум месеци немаа земено плата. Пред две години кога станаа европски прваци, беа финансиски моќни и тоа не беше големо изненадување. Но, тоа што се случи годинава е нешто поинакво. Во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе избора фајнал-фор, а камоли да станат прваци- вели капитенот на Македонија, Лазаров.