Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Криштопанс останува во Вардар уште една сезона
Криштопанс останува во Вардар уште една сезона

Криштопанс останува во Вардар уште една сезона

Десниот бек на Вардар, Даинис Криштопанс си оди од Скопје но останува уште една сезона во редовите на Европскиот шампион.

Како што е добро познато летонскиот „џин” потпиша договор со ПСЖ кој му почнува од 2020 и засега нема никакви информации дека побарал предвремен раскин на договорот и премин една година порано.

Значи, во овој момент останува еден од главните ракометари за наредната сезона, што е голем плус за тимот од Скопје ако се земе во предвид како игра „џинот”.

Одговорот кога Криштопанс ќе се пресели во Париз, ќе го добиеме веројатно истовремено со плановите на Вардар за следната сезона. Засега стои дека и следната сезона Летонецот ќе игра во Вардар!