Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > Slider > Дисингер: Ох Господе, успеавме, ова е неверојатно
Дисингер: Ох Господе, успеавме, ова е неверојатно

Дисингер: Ох Господе, успеавме, ова е неверојатно

Единствениот германец кој играше на завршниот турнир во Келн, беше играчот на Вардар, Кристијан Дисингер. Тој дојде оваа сезона од екипата на Кил и веднаш успеа да ја освои Европската титула. Иако требаше да оди на операција, после онаа здобиена повреда на лактот, во финалето на СЕХА-лигата, сепак Дисингер ја откажа, за да му помогне на својот тим во Келн. Неговото присуство на теренот беше драгоцено за екипата, беше замена за Карачиќ на позицијата лев бек, а исто така имаше и голем придонес во одбраната.

После победата против Веспрем во финалето и освојување на трофејот, Дисингер на својот инстаграм профил се сликаше со трофејот и напиша: „Ох Господе, успеавме, ова е неверојатно!“

Дисингер најверојатно и во новата сезона ќе биде дел од Европскиот шампион и ќе атакува на нови трофеи.