Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кисељев најдобар стрелец на Вардар во СЕХА, кој се најде и во ТОП-10
Кисељев најдобар стрелец на Вардар во СЕХА, кој се најде и во ТОП-10

Кисељев најдобар стрелец на Вардар во СЕХА, кој се најде и во ТОП-10

Дмитри Кисељев на најдобар можен начин ги искористуваше натпреварите во СЕХА-лигата, каде добиваше поголема минутажа од својот соиграч на истата позиција, Даинис Кристопанс. На вчерашниот дуел против Стеауа на кој Вардар славеше победа, рускиот репрезентативец беше втор најефикасен играч во нашите редови, со вкупно 9 постигнати голови од 11 обиди кон противничкиот гол.

Кисељев одигра 12 натпревари за Вардар во СЕХА-лигата и интересно на сите мечеви се запишуваше во листата на стрелци. Негови најдобри натпревари покрај споменатиот против Стеауа, беше и оној кој неговиот тим го одигра на домашен терен против Војводина, на кој Кисељев исто така беше стрелец на девет голови. Ваквите бројки го направија да биде најдобар стрелец на Вардар во СЕХА-лигата, во која место и во ТОП-10 најдобри стрелци во ова натпреварување. Кисељев со 46 постигнати голови се наоѓа токму на 10.позиција на листата на најефикасни играчи во лигата. Првото место е за играчот на Војводина, се работи за Милош Грозданиќ кој има постигнато вкупно 77 голови.