Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Немавме сили за победа над Португалија, Кизиќ повторно одличен впиша 15.одбрани
Немавме сили за победа над Португалија, Кизиќ повторно одличен впиша 15.одбрани

Немавме сили за победа над Португалија, Кизиќ повторно одличен впиша 15.одбрани

Вчера, кадетската ракометна репрезентација на Македонија  испадна на првата  нокаут-средба на Светското првенство (СП) кое се игра во Скопје. Момците се бореа сепак  немаа сили па  доживеавме  пораз од Португалија  со четири гола негатива,  29-25.

Првиот дел го привршувавме рамноправно и со активен резултат, пред самиот крај беше 12-12, со серија 0-3 португалците успеаа да одат на одмор со резултат 12-15. Изнајдовме сили  па поведовме со  еден гол односно со 24:23 во 54 минута. Сепак противникот успеа да биде поумешен во финишот. Од вардарци се истакна Марко Кизиќ, голманот на црвено-црните впиша дури 15 одбрани на оваа средба.

Кизиќ (15 одб., 1 сед.), Петковски (1 сед.), Кондев 1/1, Џигероски 1/1, Мелоски, Ќосевски, Божиновски 1/2, Митиќ, Симоноски 3/4, Серафимов 9/19, Костески 3/6, Младеновиќ 6/11, Ников, Ѓорѓиев 1/1, Гајиќ.