Престојниов викенд на програмата е второто коло од ПМФЛ. По неочекуваниот неуспех на Вардар и поразот на домашен терен во првото коло од Македонија ЃП, играчите на Александар Васоски ќе мора да го поправаат впечатокот во Велес кај новиот прволигаш, тимот на Борец.
Овој натпревар ќе биде одигран в недела на градскиот стадион во Велес, а Вардарци ќе ги дочекаат речиси 4000 илјади симпатизери на домашниот тим. Дека Вардар со душа се чека в недела, говорат и информациите дека велешани сакаат да обезбедат билети и неколку дена пред самиот натпревар.
Дали на овој дуел ќе има и навивачи од Скопје за уште подобар амбиент останува да видиме. Инаку, дуелот ќе се емитува низ директен ТВ пренос на Арена Спорт и МРТВ – 1 од 17.00 часот.