Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Градското пријателско младинско дерби му припадна на Вардар
Градското пријателско младинско дерби му припадна на Вардар

Градското пријателско младинско дерби му припадна на Вардар

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар продолжуваат со победи на контролните натпревари, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Младинците на Вардар предводени од Филип Деспотовски славеа во градското пријателско дерби против тимот на Работнички, со резултат 4:2.
.
Вардар: Андов, Зендели, Рушити, Мицевски, Радуловиќ-Величковиќ, Гугуљанов, Ристовски, Трајановски, Туша, Спировски, Хасановиќ
Интересно сите голови на овој дуел кој се одигра на теренот во населбата Аеродром паднаа во второто полувреме. Екипата на Работнички прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Сепак следеше брз одговор на вардарци кои прват резултатски пресврт од 2-1, со головите на Туша Ветон и Давид Ристовски. Гледавме интересно второ полувреме со шанси, но и погодоци на двете страни. Противникот враќа за израмнување на 2:2, но момците на Деспотовски имаа поголема желба за триумф на овој дуел. Најпрво со вториот гол на Туша Ветон, Вардар го врати водството и поведе со 3:2, за конечниот резултат од 4:2 со својот прв погодок да го постави Апостол Ангелковски