Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Никола Кизиќ донесе победа за Рк Вардар 2, на мечот против Младост

Никола Кизиќ донесе победа за Рк Вардар 2, на мечот против Младост

Екипата на Рк Вардар 2 предводена од тренерот Стојан Петрушевски ја забележа третата победа во првата ракометна лига. На гостувањето во Богданци, црвено-црните се вратија како победници и освоија нови три бода. Конечниот резултат гласеше 22:24.

На овој натпревар блескаше младиот голман на Вардарци Никола Кизиќ кој сигурно беше најзаслужен за овој триумф. Иако повозрасни домаќинот од Богданци, немаше сила до крај да му се спротистави на нашиот млад состав. Екипата на Младост успеаа да одигра добро само едно полувреме, кога и замина со предност од 12:9.

Сепак во вториот дел, Вардарци одиграа многу подобро во одбраната, кога му дозволија на противникот да постигне само десет голови. Полека се доближувавме до противникот, што резултираше со израмнување на резултатот. На голот го имавме одличниот Кизиќ, кој успеаа да одбрани неколку зицер удари и да го откаже противникот. Во нападот игравме многу поразновидно, што ни овозможи да го преземеме водството. Млaдост се обидуваше да се врати во игра, но нивните обиди без безуспешни. Црвено-црните имаат максимални 9 бодови, по првите три одиграни кола и се наоѓаат на врвот на табелата.

Никола Кизиќ мечот го заврши со 21 успешни интервенции, Тоше Ончев беше најефикасен со 10 голови.