Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар испушти голема надеж, Кизиќ во наредните три години ќе го брани голот на Е.Пелистер
Вардар испушти голема надеж, Кизиќ во наредните три години ќе го брани голот на Е.Пелистер

Вардар испушти голема надеж, Кизиќ во наредните три години ќе го брани голот на Е.Пелистер

Вардар испушти голема надеж на македонскиот ракомет. Младиот 20-годишен голман на Вардар и македонската репрезентација, Марко Кизиќ од следната сезона се сели во „лутиот“ ривал во екипата на Еурофарм Пелистер.

„Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.

Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната. Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

Кизиќ беше „дете“ на Вардар, голема перспектива имаше ова момче, кое за жал од следната сезона нема да го гледаме во црвено-црниот дрес.