Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Македонија У19 ремизираше со Црна Гора, Јовчев бранеше цел натпревар
Македонија У19 ремизираше со Црна Гора, Јовчев бранеше цел натпревар

Македонија У19 ремизираше со Црна Гора, Јовчев бранеше цел натпревар

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го одигра и вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора. Денешниот натпревар заврши со нерешен резултат 1:1.

173828831_908416453254564_8084839048846296777_n

По првото полувреме, Македонија имаше водство од 1:0, но Црна Гора го израмни резултатот во последните десет минути од натпреварот.

Вардаровиот голман, Гоце Јовчев беше на голот на Македонија во текот на целиот натпревар, додека во стартниот состав беше и Грегори Давков. Во игра во вториот дел влезе и Антонио Мирков, кој имаше голема шанса, но немаше среќа откако ја погоди стативата од противничкиот гол.