Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на Вардар ќе играат против Кул, во 1/2 финалето на Купот
Помладите пионери на Вардар ќе играат против Кул, во 1/2 финалето на Купот

Помладите пионери на Вардар ќе играат против Кул, во 1/2 финалето на Купот

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар го добија својот противник, во рамките на 1/2 финалето од националниот Куп.

Кул е екипата која ќе стои на патот на вардарци, до пласманот во големото финале. Инаку, Кул е актуелен освојувач на Купот на Македонија во оваа генерација, откако во големото финале во сезоната 2018/19 го победи токму Вардар.

Вардарци играат одлично сезонава, лидери се во помладата пионерска лига со два бода предност пред екипата на Академија Пандев. Кул сезонава е лидер во втората помладата пионерска лига, но овој клуб е на добар пат од следната сезона да игра во најсилната Супер лига.

Победникот и учесникот во големото финале ќе биде познат после само еден дуел, кој ќе се одигра на теренот на Академијата. Во наредниот период ќе биде познат и официјалниот термин.