Досега за жал многу малце прилика добиваше од стручниот штаб на црвено-црните, но затоа денес Марко Кизиќ блесна меѓу стативите. Младиот голман забележа дванаесет интервенции, но мора да се помири за последниот удар на Елверум кој заврши зад неговиот грб.
Првото полувреме игравме го одигравме лошо, фалеа одбраните на голманите. Имавме многу малку и затоа примивме толку многу голови. Во вториот дел одбраната се зацврсти, имав голмански одбрани, дојдовме до предност, но се случија некои работи и заврши вака. Не успеавме да се одбраниме во последниот напад, пројде таа топка низ рацете и тоа е тоа. Ќе се видиме пак со Елверум во среда- изјави Кизиќ.