Селекторот и капитен на Македонија, Кирил Лазаров на почетокот на овој месец го објави поширокиот список за бараж финалето против Чешка, истиот денеска го скрати од 35 на 23.имиња. На новиот, скратен список има пет играчи на РК Вардар 1961.
Репрезентацијата на Македонија во 1/2-финалната бараж рунда ја мина Романија, а сега ја очекува двомеч со селекцијата на Чешка. Против овој ривал ќе започнуваме со гостување, додека реваншот се игра во Скопје. Првиот дуел е закажан за 13-ти април во 20:15 часот, додека вториот дуел во Скопје се игра на 17-ти во 19:00 часот. Според планот секеторот, Лазаров Кире ќе ги собере ракометарите на 9-ти април, сабота.