Денес пионерските екипи на ФК Вардар гостуваа во Битола, каде ги одиграа одложените натпревари од 10.првенствено коло. Двете наши екипи забележаа убедливи победи.
Помладите пионери стигнаа до уште една голема победа, со која се одлепија на врвот на табелата со голема бодовна разлика пред останатите конкуренти. Избраниците на Сашо Јанев ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето во Пелистер со резултат 1:4. Во првите пет минути од натпреварот паднаа два гола на овој натпревар. Марко Николовски беше играчот кој после само три минути игра му донесе водство на Вардар од 0:1 со мајсторски лоб удар откако му асистираше Алији.. Сепак нашата радост траеше само две минути со оглед дека домашната екипа во 5.минута успеа да го израмни резултатот на 1:1, гол кој се покажа единствен за нив на овој натпревар од помладата Пионерска Супер лига.
Вардар беше тимот кој го диктираше темпото на игра и кој постојано создаваше шанси кон противничкиот гол, а уште една таква искористивме во 27 минута кога домашната мрежа ја затресе Нуман Ајетовиќ од слободен удар за водство на Вардар од 1:2, резултат кој се покажа како актуелен на полувреме. Вардар беше надмоќен и во вториот дел, период во кој успеа да постигне уште два гола. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Алтин Алији, гол со кој црвено-црните поведоа и со 1:3, додека конечните 1:4 во 82 минута со својот втор гол денес ги постави Алији.
Вардар: Данстак, Николов, Ајетовиќ, Миовски, Алексовски, Брзаковски, Николовски (К), Величковски, Алији, Гаштаров и Нурединовски.
Играа уште и Ѓоргиевски, Анастасов и Танчев.
Пионерите се вратија на победите во лигата и денес славеа на гостувањето кај Пелистер. Натпреварот заврши со резултат 0:3. Добра игра прикажаа избраниците на Саше Божиноски, кои стигнаа до заслужен триумф.
После само осум минути игра успеавме да го отвориме резултатот на 0:1 со голот на Дамјан Цикарски кој со удар од околу 25.метри успева да го матира домашниот чувар на мрежата, топката најпрво ја погоди стативата, за потоа да заврши во мрежата на Пелистер. До крајот на првиот дел успеавме да постигнеме уште еден гол, истиот беше дело на Дарко Сековски кој погоди во 42 минута после одличен продор на Јакимовски, за предност од 0:2, резултат кој беше на полувреме. Во овој дел од мечот, екипата на Пелистер немаше ниту една директна закана кон нашиот гол.
Имавме доминација и во вториот дел од натпреварот, таквата игра беше наградена со нов гол. Се играше 70 минута од натпреварот кога после една одлична асистенција до Бундалески, во листата на стрелци се запиша Агрон Туша кој ги постави конечните 0:3 на овој заостанат натпревар во Пионерската Супер лига.
Вардар: Апостоловски, Трајчевски, Митревски, Бундалески, Кулуковски (К) Јакимовски, Спасиќ, Сековски, Ристовски , Цикарски, Цветков.
Играа уште и Димовски Кирил, Папазов, Кузмановски, Радевски и Туша